Во македонскиот енергетски сектор во следните пет години предвидено е да се вложат околу 1,26 милијарди евра. Со овие пари треба да се изградат и да се ревитализираат бројни инфраструктурни објекти во електроенергетскиот сектор, но и во секторите природен гас, топлинска енергија, нафта и нафтени деривати. Програмата е дел од Стратегијата за развој на енергетиката во периодот 2013-2017 година, во којашто се дефинирани точни суми, но и рокови за реализација. За експертите проектите се доста амбициозни, но реални, бидејќи во 2014 година се планира да се заврши ревитализацијата на големите хидроелектрани, со што ќе се зголеми инсталираната моќност и тоа ХЕ Вруток" за 26 мегавати и тоа од 150 на 176 мегавати. Во 2017 во план е да се пушти во употреба ХЕЦ Бошков Мост", со што ќе се добијат 117 гигават-часови електрична енергија.
Во македонскиот енергетски сектор во следните пет години предвидено е да се вложат околу 1,26 милијарди евра.
Со овие пари треба да се изградат и да се ревитализираат бројни инфраструктурни објекти во електроенергетскиот сектор, но и во секторите природен гас, топлинска енергија, нафта и нафтени деривати.
Програмата е дел од Стратегијата за развој на енергетиката во периодот 2013-2017 година, во којашто се дефинирани точни суми, но и рокови за реализација. За експертите проектите се доста амбициозни, но реални, бидејќи во 2014 година се планира да се заврши ревитализацијата на големите хидроелектрани, со што ќе се зголеми инсталираната моќност и тоа ХЕ Вруток" за 26 мегавати и тоа од 150 на 176 мегавати. Во 2017 во план е да се пушти во употреба ХЕЦ Бошков Мост", со што ќе се добијат 117 гигават-часови електрична енергија.
Како што појасни министерот за економија, Ваљон Сараќини, идната година треба да биде готова и пуштена во употреба ветерната електрана во Богданци, со што ќе се добијат дополнителни 100 гигават-часови електрична енергија од домашно производство. Ќе се гради и ХЕЦ Чебрен", Луково Поле", како и уште две термоелектрани, топлани на природен гас од коешто едната ќе има инсталирана природна моќност од 230 мегавати.
- Програмата за реализација на Стратегијата има за цел да ги предвиди и пресретне сите потреби на македонскиот енергетски сектор и да создаде соодветни услови за економски раст - смета Сараќини.
Според него, 467 милиони евра ќе бидат потребни за реализирање на проектите преку Електрани на Македонија (ЕЛЕМ), 400 милиони за проектите по принципот јавно-приватно партнерство, 160 милиони евра за проектите што ќе ги спроведуваат приватните инвеститори и 110 милиони евра за проектите на МЕПСО.
Државата ќе одвои 60 милиони евра за гасоводниот систем, дополнителни 15 милиони евра ќе обезбеди локалната самоуправа и за ГА-МА околу 4 милиони евра.
Во делот на гасификацијата се планира изградба на гасификацискиот систем опфатен со рускиот долг, а со тоа ќе се затвори гасниот прстен во Скопје и ќе се направат подготвителни активности за приклучување кон Јужен тек. Дел од овој систем ќе биде правецот Клечовце - Штип - Неготино со крак за ТЕЦ Неготино", како правците Штип - Струмица - Грција; потоа Скопје - Тетово - Гостивар; Неготино - Кавадарци - Прилеп - Битола - РЕК "Битола" до грчката граница.
За академик Глигор Каневче инвестирањето во енергетиката е клучно, особено зашто Македонија е зависна од увоз.
- Во овој сектор долго време не е вложувано, но последниве години не е така, имаше бројни активности. За да се сменат состојбите, неопходно е инвестирање од најмалку една деценија - смета Каневче.
И академикот Абдулменаф Беџети ја поздрави Програмата, бидејќи таа ќе овозможи генерирање нови работни места и значително ќе придонесе во делот на енергетската ефикасност.
Во согласност со направените студии до 2017 година потрошувачката на електрична енергија во Македонија ќе се зголеми и ќе изнесува 10.500 гигават-часови. За утврдување на потребите од енергија се разгледани две сценарија, првото, основно, според кое потребите од финална енергија до 2017 година се очекува да раснат со просечна стапка од 3,8%, и второто кое предвидува просечниот пораст на потребите од финална енергија до 2017 година да растат со просечна стапка од 2,7% годишно.